Babin Kolac

?????

 

???

 

??????

??????

Жито Прилеп АД – Прилеп како производител на леб и бели пецива своите производи ги пласира низ трговската мрежа во градот и преку свои сопствени продавници – млечни ресторани. Целта е постојано и непречено снабдување на потрошувачите на леб и бели пецива на територијата на Прилеп и Битола.

Компанијата располага со следните производствени капацитети:

- Сопствен млин за мелење на жито и производство на брашно

- Фабрика за производство на сточна храна

- Пекара за леб и бели пецива

 

Целокупното производство се одвива според највисоки стандарди и со најсовремени машини, така што се применуваат проверени и потврдени технологии и практики при производство на повеќе видови леб и над 100 видови бели пецива.

Квалитетот на суровините кои се користат за производство на леб и бели пецива е со највисоки стандарди кои се потврдуваат во сопствена современа лабораторија и во релевантни домашни и странски институции. Компанијата е меѓу првите во регионот што го има имплементирано HACCP системот за контрола на безбедност во производството на сите прехранбени производи кои ги произведува, а тоа е потврдено со сертификат за Систем за управување според HACCP за производство на леб согласно процедурите на сертификациската куќа TUV AUSTRIA CERT од Австрија за сертификација и проверка, така што е предмет на редовни надзорни контроли.

Грижата за нашите потрошувачи, во насока на задоволување на нивните желби и потреби, претставува само еден дел од стратегијата за општествена одговорност на нашата компанија. Затоа, сите наши потрошувачи, ги охрабруваме слободно да нè контактираат или да нè посетат за да ги искажат своите желби и мислења во врска со нашите производи. Само на таков начин заедно ќе придонесеме за здраво население и здрави и среќни поколенија.

Joomlart

Find us on facebook

Facebook Image

Contact

Zito Prilep AD Prilep
7500, Prilep
Macedonia
Office 048 428 744
Bakery 048422-036 / 048 523 920
E-mail: zito_pp@yahoo.com